Odnesuvanje na pešacite vo soobrakajot (Makedonski)
Vrsta: Seminarski | Broj strana: 12 | Nivo: Tehnicki fakultet – Bitola

Општо за пешачкиот сообраќај
Пешаците имаат значајна улога во одивањето на сообраќајот.За движење користат пешачки патеки кој се наменети исклучиво за нивно движење.Овие патеки имаат за цел да го обезбедат движењето на пешаците кое може да биде загрозено од автомобилите.Големо значње имат поради тоа што тие го сочинуваат пешачкиот сообраќај кој денес се повеќе се бара неговата употреба поради се поголемата атмосверска загаденост која е предизвикана од моторизираниот сообраќај.За движењето на пешаците постојат одредени правила и прописи според кој треба да се движат за да не се загрозат самите,но и другите учесници во сообраќајот.Некои од правилата и прописите за движење се:преминување преку пешачки премин,следење на семафорот за пешаци итн.Старосна граница на пешаците не постои.Пешаци се деца од предшколска возраст па се до стари лица(пензионери),кој се способни за самостојно движење.
Во Р.Македонија се повеќе се зголемува бројот на возачи во однос на пешаците со што се зголемува загаденоста во градовите,големи гужви во сообраќајот,се зголемува опасноста од предизвикување на сообраќајна незгода,било да е помеѓу повеќе авомобили или автомобил-пешак и сл.Зголемениот број на возила доведува и до повеќе проблеми како што е проблемот за паркинг места па така возачите за паркирање на своите возила ги користат пешачките патеки со што е оневозможено движењето на пешаците.Оваа појава е во сите градови низ нашата држава.Опасноста за незгода се зголемува со недостатокот на знаци на патот како за пешаците така и за возачите.До незгода може да дојде и поради големиот број на знаци поставени на мало растојание,но тоа кај нас не е присутно.Кај нас причината е немањето на знаци или нивната оштетеност која е предизвикана од самите граѓани.Како најчести причини за сообраќајните незгоди се зголемената и неприкладна брзина на возачите.Но тука не изостануваат и пешаците какопричинители за голем број на незгоди.Пешаците најчесто поради нивната невнимателност и непочитување на знаците и сигналите.Поради ваквиот хаос кој го прават и пешаците и возачите,поради големиот број на жртви предизвикани од ваквата невнимателност,превземени се сериозни мерки,се со цел да се намалат незгодите и штетите.Тие мерки се донесување на новиот Закон за безбедност на сообраќајот на патиштата.Од минатата година со казнените одредби се предвидени поголеми мерки за внимателност на возачите ,пешаците и високи парични казни.Со овие превземени мерки,надлежните од министерството за внатрешни работи се надеваја на намалување на бројката на незгоди.Бројката е намалена само кај полесните незгоди додека кај потешките нема некоја промена што укажува на тоа дека ваквите промени немаат големо значење за возачите.Покрај сите причини што укажуваат на почитување и непочитување на прописите,не е се така црно.Сеуште можат да се видат и такви возачи кои ги почитуваат правилата за прописно движење,некои поради нивната навика и совест,некои поради високите казни.Причината за големите казни ке се зголеми со тек на време со оглед на тоа дека тој закон е нов и не му изгледа реален на голем дел од граѓаните.Таа бројка ќе се зголеми со казнување на секое непочитување на прописите.Ваквото казнување предизвикува бунтовност кај граѓаните но тоа е за безбедноста за сите учесници во сообраќајот.

---------- OSTATAK TEKSTA NIJE PRIKAZAN. CEO RAD MOŽETE PREUZETI NA SAJTU. ---------- 

www.maturskiradovi.net 

 

MOŽETE NAS KONTAKTIRATI NA E-MAIL: maturskiradovi.net@gmail.com

 

 

besplatniseminarski.net Besplatni seminarski Maturski Diplomski Maturalni SEMINARSKI RAD , seminarski radovi download, seminarski rad besplatno, www.besplatniseminarski.net, Samo besplatni seminarski radovi, Seminarski rad bez placanja, naknada, sms-a, uslovljavanja.. proverite!